Нов сингл на Давид Темелков „Штом бидеш без мене“
Written by Р.Б. on март 28, 2022
Младиот пејач Давид Темелков денес го промовира новиот сингл „Штом бидеш без мене“ – љубовна балада за борбата меѓу срцето и разумот.
-Во светот во кој живееме понекогаш е тешко да избереме што е исправно. Не е едноставно да се одлучи помеѓу срцето и разумот. Верувам дека тоа не се само мои битки, туку и битки на секој од нас. Оваа песна ме заинтригира веднаш и во мене разбуди слики кои ме инспирираа да ги преточам во спот бидејќи и самиот сум многу често во позиција да морам да победам во битката со себеси. Верувам дека во секого од нас се крие сила која се покажува во вистинскиот момент – вели младиот Темелков.

Сценариото и режијата на спотот за баладата “Штом бидеш без мене“ Давид ги направи самиот. Со тоа ја продолжува практиката што ја отвори и со претходниот сингл „Прстот на судбината“, каде што, исто така ги потпиша сценариото и режијата за видео-спотот.
„Штом бидеш без мене“ денес има поширока регионална промоција, а промотивното објавување за Македонија е закажано во 11,55 на 105,2.