Нов албум на „Фолтин“

Written by on јуни 29, 2021

Новиот албум на „Фолтин“, насловен „Симултан бакнеж“, донесува четири нови песни на групата, снимени во студиото „Алшар“ во декември минатата година.

-Изданието ќе го промовираме со спот за една од песните „Кој може да расипе еден ваков ден“, во режија на Милена Виитман.  Директор на фотографија е Michell Rivas, а актери се Rio Rasch и Nisha Virmani. Видео записот е снимен во Берлин – најавуваат фолтиновци.

https://fb.watch/6pt-LWJhd5/

Секогаш креативни во музичкиот израз, „Фолтин“ редовно соработуваат и со други креативци, па фотографијата и обвивката на албумот се на режисерот Ѓорче Ставревски.

Издавач на албумот е ОХО Продукција, продуцент е Пеце Талески, а извршен продуцент е Илија Тирицовски.

Албумот ќе биде промовиран на 1 јули напладне во МКЦ.


[There are no radio stations in the database]