Новиот сингл на Масимо – е омаж за домот

Written by on мај 5, 2021

Во новата песна „Патуваме и кога стоиме“ на Масимо Савиќ се пронаоѓаат сите кои утеха во овие необични времиња пронајдоа во – домот и најмилите. Песната е своевидна посвета на градот Загреб, кој во изминатиов период беше погоден од земјотрес, но во убавите стихови се препознаваат и многумина други кои во пандемиските 14 месеци прибежиште и утеха пронајдоа во домот и семејството.

„Путујемо и кад стојимо“ за Масимо, кој и натаму важи за еден од најдобрите вокали во регионот, ја напишаа Иван Дечак, Ненад Боргудан и Аљоша Шериќ. Песната се појавува речиси една година по големиот хит „Мали круг великих људи“, кој постигна голем успех во регионот и се уште не се симнува од регионалните топ-листи.

Масимо признава дека било тешко да се пронајде соодветен наследник на така голема песна, но смета дека новата „Путујемо и кад стојимо“ доследно ќе го продожи позитивниот тренд на својата претходничка. Песната, според најавата на продукцискиот тим, наскоро ќе добие и видео-запис.

Mасимо летово го очекува турнеја по Јадранското крајбрежје, а на 15 мај го очекува live-промоција на плочата „Vještina Boutique“. Во ноември минатата година, Масимо одржа и концерт на две платформи – во стварниот и виртуелниот свет. Во салата „Лисински“ во Загреб го слушаа 500 посетители, а настанот се пренесуваше и виртуелно за публиката која си купи виртуелни влезници, станувајки првиот поп-концерт пренесуван на овој начин.

Истовремено со пошироката регионална промоција, новата песна на Масимо премиерно е објавена на програмата на Бубамара радио и неделава ја слушаме како еден од хитовите на Радио Бубамара.


[There are no radio stations in the database]