Нова песна, турнеја и јубилеен концерт во Скопје за 20 години „ДНК“!

Written by on јуни 10, 2022

Панчо и Андреј или рнб двоецот ДНК и после полни 20 години присуство на домашната музичка сцена работат со несмален интензитет и секогаш водени од желбата за убава музика за својата публика. Оваа јубилејна година ја одбележуваат со концертна турнеја низ Македонија, а вчера го најавија и славеничкиот концерт насловен „20 години ДНК“, а закажан е за 3 декември во арената „Борис Трајковски“.

И тоа не е се……Неколку часа по прес-конференцијата тие ја објавија и нивната најнова песна со наслов „Ако утре ме нема“, која ја снимија во соработка со Џамбо Агушев и неговиот оркестар. По досегашните прегледи на Јутјуб и коментарите, секако дека ова е уште еден нивни хит, кој е пропратен и со навистина интересен спот во кој се појавуваат многу познати личности. Тука е актерот Тони Михајловски и неговиот син Александар, пејачите Наум Петрески, Миле Кузмановски, Спасен Силјаноски, Цаки Кисми, Васко Тодоров – познат како Тошо Малерот, Гоце од Синтезис, братот на Андреј и уште неколку други…

Инаку, како автори на песната се потпишуваат Панчо и Лазар Цветкоски, додека зад аранжманот стои Џамбо Агушев.

Видеото, пак, е работено со Кристијан Теодоров, режија и камера, и Владимир Митревски-Ѓуле, монтажа и боја.


Current track

Title

Artist