Нова песна на Мијата со посвета за оние кои ги изгубивме

Written by on јуни 29, 2021

„Невидени“ е насловена новата песна на Мијата, за која текстот го напиша Весна Малиновска, а музиката Александар Јовевски. Песната, како што вели  Мијата, е посветена на Бранко Стојовски и на сите блиски кои ги изгубивме во минатиот период.

Амбициозна и креативно љубопитна, Мијата за песната „Невидени“ направи и спот, кој самата го режираше и монтираше. За спотот се искористени инсталации, кои ги изработија ученици од гимназијата Никола Карев и челнови на ХОПС – опции за здрав живот.

-Им благодарам за трудот, со своите инсталации тие го направија овој спот – уникатен – вели Мијата.


[There are no radio stations in the database]