Нова песна на Антониа Гиговска и нова Антониа

Written by on јули 8, 2021

Песната „Магла“ на младата Антониа Гиговска е сингл од новиот студиски материјал кој треба да биде комплетиран до крајот на годинава. Музиката и аранжманот за „Магла“ се на Лазар Цветковски, а текстот е на Тајзи.

-„Магла“ е дел од албумот „2001“ кој ќе содржи 12 нумери. Некои од нив се веќе пуштени во етерот, но некои се комплетно нови. „Магла“ е  како љубов на прв поглед, отпеана е и спакувана од прва – вели Антониа.

Видеото за „Магла“, во кое Антониа се претставува во сосема поинакво светло е во режија  на Даниел Јовевски.

-Се потрудивме сè да изгледа на едно повисоко ниво. Ништо не е случајно во спотот – од гардеробата до учесниците во видеото кои се бирани внимателно… Сакав публиката да види нешто ново од мене, една нова Антониа. Сакав да се прикажам во едно поинакво светло – вели Гиговска.


[There are no radio stations in the database]