Нова душа на “Ако одам во Битола“, во преработка на Благојче, Димитар, Сара Мејс

Written by on април 2, 2022

Вечерва во големата сала на Центарот за култура во Битола беше промовирана преработката на песната “Ако одам во Битола“ на авторот Петар Георгиевски – Калица, која за многумина е најубавата битолска песна во поновата музичка историја.

Музичката преработка на оваа песна ја направи Благојче Трајковски, ја отпеа Димитар Андоновски, сето тоа е напополнето со звуците на харфата на Сара Мејс, заедно со групата “Фонтана“ од Битола и Камерниот оркестар на Битола.

Песната е напишата во 1989 година, а да се преработи оваа песна е тешка работа. Но, кога ќе се соберат на едно место професионалци, како што се Благојче Трајковски, Димитар Андоновски, Сара Мејс, група “Фонтана“ и Камерниот оркестар, тое не само што е возможно туку е и одлично направено.

Песната ја отпеа Димитар Андоновски, аражманот е на Благојче Трајковски, тука е солистот на харфа Сара Мејс, а видеото е на “Веста Продукција“ од Битола, а Андоновски на почетокот на промоцијата рече:

-Сакам на почетокот да упатам благодарност до сите кои сте тука, на овој за нас значаен чин, бидејќи кога промовираме нова песна е како да ни се раѓа ново дете. Се надевам дека сите кои бевме вклучени во овој проект се чуствуваат како мене, имаат голема трема. Би сакал најпрво да му се заблагодарам на човекот кој ја напиша оваа песна “Ако одам во Битола“, песна која може да е нова химна на Битола, а се пее и надвор од Битола, секаде во светот, на секој концерт, Петар Георгиевски – Калица и додаде:

-Но сакам лично да му се заблагодарам од име на сите на Калица и за тоа што ни дозволи да дадеме свој придонес, дел од нашата душа, и се надевам дека ќе продолжи да живее уште многу долго. За овој проект многу музичари креативно помогнаа да се реализира, но најповеќе за Благојче Трајковски кој ја направи оваа преработка и направи прекрасен аражман, каде спои повеќе музички стилови во едно музичко парче. Ова песна ги поврза енергиите на сите кои учествуваа, а тука се покрај Благојче, Сара Мејс, “Веста продукција“ која го направи новиот спот.

Спотот е снимен во реновираниот Офицерски дом, а ова прв спот снимен таму, за нас во еден специјален момент, а котимографијата е на Андреј Папаз.

На промоцијата беа голем број на мизичари кои ја поздравија оваа идеја, а на крајот Димитар и Благојче пред присутнија соопштија дека во Битола ќе одржат голем солистички концерт кон крајот на годината.


[There are no radio stations in the database]