Новата песна на „Павел“ со Сања, Маринко и Зец е посвета на старите добри времиња
Written by Р.Б. on мај 19, 2022
„Дани који сјаје“ е новиот сингл на загрепската поп-рок група „Павел“, во која гостуваат и Сања Долежал, Владимир Кочиш Зец и Маринко Колнаго, поранешни членови на групата „Нови фосили“.
-Оваа песна е наша посвета на некои поубави времиња, на детството, музичките касети, „Мастерс“ фигурите, мирисот на маминиот лак за коса, време на останувањето доцна надвор, но најмногу време на прекрасната музика која од радијата звучеше како магија – велат членовите на „Павел“ на официјалната ФБ-страница на групата.

За да биде впечатокот на магичните времиња целосен – во изведбата на песната гостуваат и Сања, Зец и Маринко, поранешни членови на „Нови фосили“, една од најпопуларните групи во 70-ите и 80-ите годинии на екс-ју просторот.
Носталгичниот момент на „Дани који сјаје“ публиката веднаш го препозна, поради што песната наидува на одличен прием кај публиката и собира многу позитивни коментари, меќу кои и такви кои ја нарекоа химна на оние кои во 80-ите биле млади.

-Песната не враќа во старите добри времиња кога сите бевме задоволни и среќни, весели и вљубени – коментира публиката.