Новата балада на Јуре Бркљача „Прозор“, совршена за романтична есен!

Written by on септември 23, 2021

Песната „Прозор“, која се наоѓа на деби албумот на Јуре Бркљача „Остани тајна мога живота“, доби свое видео.
Станува збор за композиција со која младиот Јуре настапи на овогодинешниот фестивал Шибенски Шансони и ја освои третата награда од публика.

Така, прекрасната балада за таинствената, но вистинска љубов, потпишана од Мирослав Рус, го доби својот визуелен епилог. Заедно со Јуре, во видеото се појавуваат професионалните танчери Паула Јеричевиќ и Марио Ожболт, кои дополнително ја збогатија целата музичка приказна со своите танцувачки способности.


[There are no radio stations in the database]