Новак го освои Вимблдон!!!
Written by Р.Б. on јули 16, 2018
Новак Ѓоковиќ дојде до четвртиот трофеј на Вимблдон откако со 3-0 во сетови во финалето го совлада Кевин Андерсон.
И овој пат по победата Ѓоковиќ проба од тревата, а потоа во изјавата се пошегува дека таа е многу вкусна.
Ова е посебен трофеј за Србинот бидејќи доаѓа по долга пауза без титула.
Повеќе од се, тој беше презадоволен што радоста можеше да ја подели со својот син, кој по завршувањето на мечот пристигна во свечената ложа.