„Ниси сама“-Бајага и Ѓура им посветија песна на актерките Милена и Ива!
Written by Р.Б. on јануари 25, 2021
Момчило Бајагиќ Бајага и Бранко Ѓуриќ направија песна која го носи називот „Ниси сама“.
Песната е посветена на актерките Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ, кои во текот на изминатите денови ги изнесоа своите интимни признанија за сексуална злоупотреба од професорот по глума Мика Алексиќ.
Со оваа песна, тие велат дека всушност им даваат подршка на сите жени и девојки кои доживеале слична судбина
Бајага го напиша текстот, додека популарниот Ѓуро ја отпеа песната со неговиот бенд Бомбај Штампа.