Нина Бадриќ уште има иста желба

Written by on мај 28, 2021

Новиот сингл на Нина Бадриќ „Ја још увек имам исту жељу“ премиерно е емитуван денес на 105,2, паралелно со неговата поширока регионална промоција. По севременските балади: „Рекао си“, „Да бирам“, „Ратујем са тугом“ и „Волим те, волим“, хрватската поп-дива лансираше полежерен рефрен, кој во пресрет на потоплите денови, се очекува да стане вистински летен хит. Песната е со заразен, танц-ритам и позитивни вибрации.

-Песната ја напишав непосредно пред овој луд период во кој сите се најдовме и некако се снајдовме, но бидејки короната запре се, а најмногу нас, музичарите, решив да ја ставам на чекање – за некои подобри и посреќни времиња. Мислам дека сега е вистинското време за неа, бидејќи песната носи позитивна и непретенциозна порака. Се надевам дека ќе го пронајде својот пат до публиката – изјави Нина Бадриќ.

Песната „Ја још увек имам исту жељу“ е проследена со исто така разигран и весел спот, за кој Бадриќ смета дека сигурно ќе внесе малку сонце во нашето секојдневие.


[There are no radio stations in the database]