Нина Бадриќ со албум од непроценлива вредност!

Written by on јуни 13, 2022

Нина Бадриќ, во петокот, на 10 јуни, го претстави својот нов албум Peristil Sentimenti.
Станува збор за емотивен „live“ албум со 12 безвременски хитови од Сплитскиот фестивал отпеани во изминатите 30-тина години, а за кои песни Нина Бадриќ вели е многу врзана и се дел од нејзиниот живот.

За аранжманот на песните беше задолжен Филип Ѓуд, а за продукцијата Горан Ковачиќ. На албумот има и три дуети – со Матија Цвек, Албина и Лорена Буќан.

Од песните испеани на Перистил, како нејзина омилена, ја издвојува „Скалинада“ од легендата Оливер Драгојевиќ.


[There are no radio stations in the database]