Нина Бадриќ во новата песна ги открива нејзините најдлабоки емоции!

Written by on декември 2, 2021

Нина Бадриќ на крајот на годината, со подарок за својата публиката – нов сингл „Памтим“ – емотивна балада која веднаш беше окарактеризирана како химна на невозвратена љубов.

Песната е создадена во соработка со Предраг Мартињак, а Нина традиционално ги потпишува стиховите, за кои признава дека во неа долго време тлееле.

  • Песната „Памтим“ е мојата најинтимна песна досега. Таа буквално сама се напиша. Таму бев само да ги земам хартијата и пенкалото, затоа што „се сеќавам“ ми падна од душата.

Ја доживеав емотивно затоа што знам за што зборува. Со неа излезе сè што беше таложено во мене со години. Сите емоции ги извлече од мене како сунѓер и затоа верувам дека публиката ќе го препознае тоа и ќе ја пронајде својата лична врска со неа – изјави Нина.


[There are no radio stations in the database]