Непребол: 15 години без нашиот Тоше

Written by on октомври 16, 2022

16 октомври, 2007 година. Веста одекна морничаво и злокобно, оставајќи пустош во срцата ширум Балканот. Нашата најголема ѕвезда згасна.

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран  („The Hardest Thing“).

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004-та ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт го одржа на Градскиот стадион  на 5 октомври 2007.

Тоше Проески беше редовен гостин на музичката манифестација „Златна Бубамара“. Во неговата
огромна колекција награди имаше и неколку златни бубамари, добиени во категоријата за најдобар
пејач, најдобар албум, за хит на „Радио Бубамара“…


Current track

Title

Artist