Неочекувана соработка помеѓу Сања Долежал и Хладно пиво!
Written by Р.Б. on јуни 7, 2021
Групата „Хладно Пиво“, која со своите хитови веќе три и пол децении е присутна на музичката сцена, секогаш умее да ги изненади своите фанови. Миле Кекин и останатите членови на бендот, денес ја промовираа најновата песна “Carpe diem”, а уште поголемо изненадување е дека ја снимија со Сања Долежал!

За многумина, соработката помеѓу „Хладно пиво“ и поранешната пејачка на „Нови фосили“ е дефинитивно неочекувана, незамислива и неспоива, но по денешната премиера, коментарите се и повеќе од поволни, а за овој најнеочекуван „дует“, пофалби пристигаат од сите страни.