Нено Белан со емотивна видео приказна за песната “Звијезде“

Written by on јули 15, 2021

Нено Белан го објави спотот за песната “Звијезде“, со која ја освои првата награда од стручното жири на Сплитскиот фестивал.

  • Голема чест е да се биде на тронот на легендарниот Сплитски фестивал две години по ред, минатата година според гласовите на публиката, а оваа година според стручното жири. Фактот дека Сплит е мој роден град дава посебен шарм на сè, и секако е многу специфично и посебно чувство да се искачам на сцената во тој град – истакна Белан, притоа напомена и дека песната ја направил во соработка со неговиот пријател и колега – Јосип Радиќ од Брач.
  • Станува збор за 4 ипол минути чисти силни емоции кои на нежен начин раскажуваат за разделбата на љубовната двојка и носат силно чувство на тага и носталгија за некои убави и величенствени музички времиња – вели пејачот.

Снимател на спотот е Игор Ивановиќ, кој всушност се потпишува и на режијата и на монтажата на видеото. Ана Тонковиќ Доленчиќ беше одговорна за сценариото, главните улоги во прекрасната видео приказна ги толкуваат Искра Јирсак и Адам Скенџиќ.


[There are no radio stations in the database]