На Пеперминт им треба „Море“!

Written by on мај 24, 2020

Горан „Пајак“ Трифуновски и екипата, или бендот „Пеперминт“, со својот едноставен, но уникатен музички стил, не престануваат да изненадуваат пеејќи за секојдневниот живот.

Секогаш креативни и забавни преку нивната музика и спотови, пеат за Сара, Бранка, за „Девојката со точакот“, пеат и за „Супер ден“и „Понеделник“……., но велат „Ама ако“, сега посакуваат „Море“.

„Море“-да, тоа е насловот на нивниот нов сингл, кој го објавија овој празничен карантински викенд.

Секогаш искрени и со своите текстови, Горан Пајак пее:

Ми треба друга реалност, море,
Море, море, море,…..
ми треба љубов, едно море…..


[There are no radio stations in the database]