Андреј Јосифовски го нацрта Новак Ѓоковиќ на тениски терен!

Written by on јули 3, 2020

Андреј Јосифовски, архитект и уличен артист, познат под псевдонимот „Пијанист“, го исцрта најголемиот портрет на Новак Ѓоковиќ на тениски терен на Бежаниска коса во Белград. Цртежот е долг 24 метри, широк 11 метри и покрива површина од 264 квадратни метри, но најголемиот куриозитет е во тоа што претставува прва сликарска активност на црвениот тениски терен – во светот!

Целта на проектот е да се манифестира поддршка за рекетот број 1и да се покаже дека многумина ги почитуваат напорите на Ѓоковиќ да им помогне на луѓето, наспроти предизвиците со кои притоа е соочен.

На теренот на ТК „Лукиќ“ на Бежаниска коса, Јосифовски работел шест часа, заедно со тим на пријатели и поддржувачи, надгледувајки го секој детал од цртежот.

-Новак е човек со исклучителен сјај. Тој оди по нашите соништа и сите сме мотивирани. Една моја пријателка еднаш рече – сите вие кои не ја гледате неговата светлина, ќе останете таму, во темнината на неговата сенка. Епа, тоа е Ѓоковиќ – вели Јосифовски.

Како следен чекор од проектот што го започна, Јосифовски замислил изложба на портрети на тениските терени на Ролан Гарос во Париз или на некој друг голем светски турнир за да испрати порака за важноста на заемното почитување помеѓу луѓето.

 


[There are no radio stations in the database]