Натали Диздар со нов сингл!

Written by on март 25, 2021

Натали Диздар, oткако ја освои публиката со проектот БЕТИ, конечно го претстави и својот нов, соло сингл – „Кад мислим на то“.

Песната е потпишана од самата Натали и Владимир Мирчета, нејзиниот гитарист и долгогодишен соработник, а талентираниот режисер Динко Шимац беше одговорен за одличното видео.

Инаку таа, изминатиот период, вредно ја искористи паузата од настапи поради пандемијата, па најави уште неколку нови синглови кои се веќе во завршна фаза.

Во меѓувреме, ја објави датата кога ќе одржи концерт во загрепската Лауба, тоа ќе биде 24 април, кога за прв пат ќе ја отпее новата песна во живо, како и некои од нејзините останати хитови.


Current track

Title

Artist