Музичарите од Бергамо испеаја песна за ранетиот град
Written by Р.Б. on март 29, 2020
„Rinascerò, Rinerai“ e дело на група музичари од Бергамо, создадена како поддршка на итноста од справување со корона-кризата во Италија, една од најпогодените земји во светот, и уште поконкретно во градот Бергамо, драматично засегнат од ковид-19. Сите авторски парава од даунлодирање и емитување на песната се донација за болницата „Папа Џовани XXIII“ во Бергамо со цел – набавка на медицинска опрема.
-Откако на ТВ ги видов сликите на армиските камиони кои ги разнесуваат труповите на нашите сограѓани во крематориум, преплавен бев од емоции. Солзите и гневот ме донесоа до пијаното и само за неколку минути песната беше родена. Ја насловив: „Ќе се родам повторно, ќе се родиш повторно“. Тоа беше инспирација во мигот и моментна потреба. Почувствував дека морам да сторам нешто за мојот град, кој е толку тешко погоден. Повикав некои од моите пријатели да помогнат и создадовме совршен „брак“ помеѓу текстот и музикатата. Песната е желба за повторно раѓање и надеж. Посветена им е на оние кои ги напуштија своите семејства и претставува благодарносте на сите кои работат интензивно за доброто на другите, за лекарите, сестрите и другиот болнички персонал, кои се нашите херои овие денови. Песната е молитва за гардот кој не се предава – вели Роби Фачинети (Roby Facchinetti), кој ја напиша и отпеа песната за Бергамо.
„Ќе се родам повторно, ќе се родиш повторно“ е нашиот начин да помогнеме барем малку, онака како што знаеме – со музика – создавајќи ја химната за ранетиот град, кој кога се ќе заврши „ќе се врати да ги види ѕвездите (стих од текстот на песната, з.н.)“, велат музичарите вклучени во овој проект.