Мијата со МАСКА се враќа на сцената

Written by on декември 3, 2020

Новата песна на MIYATTA, насловена „Маска“ е поп – рок песна, со еден необичен музички твист различен од она што го знаеме за неа, песна која ја користи тематиката на болеста што нѐ засегна сите како алегорија за изразување на една друга подлабока тема за женските права и слободи, на кои Мијата како самосвесна жена често им се навраќа. Музиката и текстот се нејзини, а аранжманот е работен со Дамир Пух и Наташа Миха, која ги испеа и придружните вокали.

„Маска“, од денес е достапна на публиката и безбедна за слушање, зашто Мијата веќе располага со неопходната доза антитела.

-Видео запис за оваа песна ќе има, се надевам за десетина дена ќе почнеме со снимање со Мелем Продукција, зашто уште не се чувствувам вратена целосно во кондиција по прележаната корона – вели Мијата.

Мијата во спотот за „Домаќинска“

Во нареднава недела песната ќе биде ставена и на Spotify, и на Tik Tok и на други музички стримери, а Мијата ги повикува сите што сакаат да снимат своја кореографија на оваа песна, да го сторат тоа, да и испратат видео на [email protected]

-Идејата е тие видеа да бидат имплементирани во официјалниот спот за „Маска“ – вели Мијата.

Со оваа песна и со овој тим, таа го најавува својот втор албум, на кој веќе работи.

„Маска“ на Мијата од денеска е хит на 105,2.


Current track

Title

Artist