Мерлин подготвува спектакл: новогодишен онлајн концерт!

Written by on декември 20, 2020

„Влезете со мене во новата година, во која сите имаме толку многу надеж и очекување“, вели регионалната музичка sвезда Дино Мерлин, ширејќи оптимизам и верба во подобро утре во овие тешки времиња. Тој подготвиува уникатно новогодишно шоу за обожавателите од сите континенти, кое ќе биде достапно на Интернет, a во истата емисија премиерно ќе изведе и две нови песни од претстојниот нов, 12-ти албум.

„Новогодишниот концерт е нешто ново и поразлично – претстава за ново време што ќе ја собере и поврзе публиката од сите меридијани на новогодишната ноќ“, вели сараевскиот кантавтор, кој има неколку светски турнеи и неколку спектакуларни концерти со експлозија на емоции. Познато е дека Дино Мерлин е одличен музичар, но неговите концерти добиваат дополнителна димензија бидејќи тој буквално ги претвора класичните настапи во шоуа, што е одлика на најголемите. Затоа, во време кога сите прослави на новогодишната ноќ се откажани и луѓето се принудени во кругот на најблиските да ја пречекаат 2021 година, босанскиот музичар најде начин да не ги разочара своите обожаватели со кои традиционално ја поминува новогодишната ноќ.

Но овој пат, безбедни во своите домови, со своите сакани и блиски, неговиот новогодишен спектакл ќе го следат гледачи од целиот свет.

Покрај безвременские хитови на Мерлин и премиерата на две нови песни, гледачите во новогодишното шоу може да очекуваат импресивна сценографија, видео анимации и танцова кореографија изведена од хрватската група од видеото за неговиот октомвриски сингл „Ми“, кој раскажува за светот што се менува, но и за нас кои се менуваме заедно со светот, сакале или не.


Current track

Title

Artist