„Медена земја“ во потесниот избор за Оскар во две категории

Written by on декември 17, 2019

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, влезе во потесниот избор на годинешните  номинации за наградата Оскар за најдобар документарец и странски филм.
Американската филмска академија го објави потесниот избор филмови во 9 категории од кој што на 13 јануари ќе се изберат по пет кои ќе добијат номинација за Оскар.
Во конкуренција од 159 документарни филмови, нашиот документарен филм успеа да влезе во потесниот избор на 15 одбрани, од кои академијата ќе одлучи кои ќе влезат и во официјалната конкуренција.

„Медена земја“ е македонски кандидат и за Оскар за најдобар странски филм, но во категоријата за најдобар документарец се квалификува поради победата на фестивалот Докавив во Тел Авив.
Оскарите следната година ќе се доделуваат малку порано од вообичаениот термин, на 10 февруари во Долби театарот.
Членовите на академијата до 7 јануари ќе гласаат за потесниот избор и на 13 јануари ќе се изберат по пет номинирани филмови за секоја категорија.
Инаку, досега два македонски филма биле во најтесниот избор за номинација за Оскар – „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 1995 во категоријата Најдобар странски филм и кусиот документарец „Дае“ на Столе Попов во 1980 во категоријата „Најдобар краток документарец“


Current track

Title

Artist