Мајкл Бубле го најави новиот албум со „When I Fall In Love“
Written by Р.Б. on октомври 1, 2018
Канадскиот пејач Мајкл Бубле неодамна најави дека наскоро ќе слушнеме нова музика од него. Имено, тој на музичката сцена се враќа со нов албум, а како најава за неговото 8. по ред студиско издание, стигна преработка на една од најубавите љубовни песни „When I Fall In Love“.
Како што може да се забележи и од воведниот сингл и ова ново издание на Бубле ќе биде составено претежно од преработки на стари класици, како и по некоја авторска песна. Албумот ќе биде објавен на 16 ноември .