Масимо со нова песна и спот!
Written by Р.Б. on јуни 13, 2022
„Замисли“ – така е насловена последната песна на Масимо, која всушност е последна песна на еден од најпознатите кантавтори од регионот, Рајко Дујмиќ.

Иван Дечак ја заврши музички, а потоа го напиша и целиот текст, а токму тоа била идејата на сопругата на Рајко, Снежана Дујмиќ, која имала желба музиката на Рајко повторно да заживее, со помош на Иван Дечак и Масимо.
„Темата е, како и секогаш, преиспитувањето на животот, неизбежноста од минувањето на времето, слабоста на човекот, но и радоста на човекот што му е даден живот во оваа прекрасна вселена“, изјави Масимо Савиќ.