Масимо со интересна видео приказна за новиот сингл!

Written by on јуни 13, 2021

По успехот на хитот „Мали круг, великих људи“, Масимо објави уште една одлична песна, која веднаш се искачи на врвот на сите топ листи.

Станува збор за песната „Путујемо и кад стојимо“ која со нејзината емоција и убави стихови ги освои срцата на публиката и радио-етерот, а сега веќе има и свое визуелно издание, за кое беше задолжен режисерот Радислав Јованов Гонзо.

Песната е напишана од Ненад Боргудан, Иван Дечак и Аљоша Шериќ, а на аранжманот, миксот и мастерингот се потпишани Јуре Ферина и Павле Михољевиќ.


[There are no radio stations in the database]