Мартина Блажеска со нов љубовен и музички тренд

Written by on мај 2, 2022

Со обземачкиот поп-ритам, новата песна „ Trending Love“ на младата пејачка Мартина Блажеска веќе си обезбедува нова публика. „Trending Love“ е живописна слика за модерната љубов во ерата на СМС пораките и он-лајн состаноците и претставува, музички и текстуално, природно продолжение на нејзината претходна песна „Розеви неба“, која имаше одличен прием кај пошироката публика.

Мартина, како гитаристка и пејачка, веќе неколку години компонира музика и пишува текстови во препознатлив музички инди-поп стил, кој е инспириран од артисти како Holly Humberstone, John Mayer и Coldplay.

Нејзината музика, според многумина, најдобро се опишува како гитарски инди-поп-фолк. Во 2018 година, Мартина го објави своето деби EP „World on a String“ и ја имаше својата прва европска турнеја. Во 2020, нејзината песна “Розови неба“, напишана за Меѓународниот ден на мирот – 21 септември, беше промовирана во рамки на проектот „Песни за мир во светот“, заедно со уште 99 други композиции на музичари од целиот свет, напишани специјално за овој повод.

Младата Мартина Блажеска, охриѓанка со блескав музички талент, оформен на престижниот музичкиот колеџ Беркли во Бостон, каде студираше гитарска изведба, е пејачка, композиторка и гитаристка, која живее во САД и Германија. Започнала да свири гитара уште на 14-годишна возраст. Веќе на 17-годишна возраст се сели на студии во Лос Анџелес, САД, каде во 2014 година е примена на Музичкиот колеџ Беркли во Бостон, каде студирала гитарска изведба.

Настапувала во различни изведби и состави во САД и во Република Македонија. Сега е официјален член на неколку ансамбли: Ibanez Guitars, Laney Amplification и Elixir Strings.


[There are no radio stations in the database]