Радио Бубамара, според официјалните истражувања, во изминатите 23 години е водечко и омилено радио на скопјани и граѓаните од другите градови од Македонија. 52 отсто испитаници во испитувањето на М-vision во година, на прашањето кое регионално радио го слушавте во изминатата недела, одговориле Бубамара, наспроти второпласираното со 27 отсто.
И според последното истражување објавено во АПРИЛ 2019 година од страна на АВМУ – Радио Бубамара е убедливо најслушано и на прво место во Скопје.
Слушателите на радиото се духовити, имаат чувство за добра музика и се на просечна возраст од 24 до 63 години. Некои од нив имаат и лични кредити, некои имаат повеќе или помалку пари, ама Радио Бубамара го слушаат со мерак и „за сите пари“.
РЕКЛАМНИТЕ БЛОКОВИ СЕ КРАТКИ И ЕФЕКТНИ – единствено Радио Бубамара го ограничува рекламниот простор да не биде подолг од 5 минути во еден час од дозволените 12 минути, што ја прави програмата подинамична и попријатна за слушање, а во исто време на огласувачите им овозможува вистинско и квалитетно преставување.
Идеално за компании кои имаат изградено бренд и посветуваат внимание за квалитетно преставување во јавноста.
Радио Бубамара има најдобра покриеност и квалитетен звук во етерот , а со тоа и вашиот рекламен спот ќе се слуша квалитетно и во добро музичко и рекламно друштво.
Радио Бубамара практикува и им овозможува на огласувачите рекламните спотови да се емитуваат во различни термини, кои се ротираат во различни периоди од денот, што ја прави програмата динамична, а воедно се добива впечаток на многу поголема присутност во секој дел од денот.