Марија Мирковиќ со нова песна и нов музички стил!

Written by on јуни 23, 2022

Новата песна „Prezirem samocu“ е вистинскo изненадување и за самата кантавторка Марија Мирковиќ. Поранешната фрајла изјави дека ова музичко парче и за неа бил вистински експеримент, што многу ја радува. Песната е нов музички израз на нејзиниот репертоар и е вистинско летно освежување за нејзината публика.

Овој сингл можеби не е мој стил, но конечно можам да експериментирам и да пробам нешто поинакво, изјави Марија и додаде дека само два часа биле доволни за неа и продуцентот да создадат нова песна во студио.

Текстот го потпишува Марија, Бранимир Михаљевиќ беше задолжен за музиката и аранжманот, а спотот за новиот сингл ќе се снима во Загреб и низ него ќе провејува „спортската љубов“ на Марија – боречките вештини.


[There are no radio stations in the database]