Марина Туцаковиќ ја загуби битката со тешката болест!

Written by on септември 19, 2021

Марина Туцаковиќ почина денеска на 67 -годишна возраст. Таа беше една од најплодните музички текстописци во регионот. Напиша бројни хитови со најголемите sвезди од музичката сцена на поранешна Југославија. Меѓу другите професионални обврски беше и член на жирито во музичките шоуа „Операција триумф“ и „Пинкови sвездички“. Марина честопати велеше дека никогаш не и недостасува инспирација и дека младите автори не ги доживува како конкуренција, бидејќи има доволно простор за секого.


Таа се смета за една од најголемите хитмејкери во поранешна Југославија, напиша повеќе од 4.000 песни, а повеќето од нив станаа и безвременски хитови.
Пишуваше за рокери, поп пејачи и пејачки, но заслужна е секако и за успешните кариери на многу фолк изведувачи, како Џеј Рамадановски, Цеца, Брена и многу други.


-Ако сакате хит песна, јавете и се на Марина Туцаковиќ, тоа беше непишаното правило кое важеше на југословенската музичка сцена.

Од Ljuljaj me nežno, песна испеана од Оливер Мандиќ пред речиси 50 години, Ti samo budi dovoljno daleko од Генерација 5 (1979), Dodirni mi kolena од Зана (1982) до понови песни, Марина Туцаковиќ со своите текстови овозможи многу пејачи да се вивнат меѓу sвездите.

Речиси нема изведувач на популарна музика во поранешна Југославија во претходните пет децении кој не соработувал со Туцаковиќ.
Во седумдесеттите години, таа соработуваше со рок бендови како Смак и Ју група, пишуваше текстови и за Бисера Велетанлиќ, Мики Јевремовиќ, Маја Оџаклијевска, Миша Марковиќ…..
За музичката легенда Драгојевиќ, кој почина во 2018 година, таа напиша и текст за еден од неговите најголеми хитови – Šta to bješe ljubav.


Не се плашеше да пишува и за попровокативни теми, отворени сексуални алузии, во песните што ги напиша за Оливер Мандиќ (Ljuljaj me nežnoSutra imam prazan stan), Слаѓана Милошевиќ (Seksi dama) и групата Зана (Majstor za poljupceDodirni mi kolena).


Во текот на осумдесеттите години, таа напиша хит песна за Здравко Чолиќ (Ruška), Масимо Савиќ (Stranac u noći), Мишо Ковач (Svi pjevaju, ja ne čujem), Магазин (Ti si želja mog života) и Дорис Драговиќ (Željo moja).

Туцаковиќ напиша и дел од хитовите на Тоше Проески, со кого ја почна соработката на албумот „Ако ме погледнеш во очи“ од 2002 година.

Пријателите и соработниците на Туцаковиќ со емотивни посвети се простуваат од неа.

Балканот се простува од дамата чии текстови ги красат најголемите хитови!


[There are no radio stations in the database]