Мама миа, АББА се врати!

Written by on септември 3, 2021

Едно од најочекуваните враќања на музичката сцена конечно се случи. По речиси 40 години пауза, шведската група АББА има нов албум, насловен „Voyage“, кој ќе се појави во ноември. Две песни од албумот веќе се објавени како звучна најава – епската балада „I Still Have Faith in You“ и вибрирачката „Don’t Shut Me Down“.

Групата најави и своевидна концертна екстраваганза во Лондон во мај 2022, кога новата музика од албумот на сцената ќе ја изведат нивните холограмски аватари. Билетите се на продажба од 7 септември.  

СО осум албуми и повеќе од 40 синглови, издадени во помалку од десет години, групата АББА апансас ја освои музичката сцена и стана култна сезнација чија популарност не спласнуваше до денешни денови наспроти бројните промени во музичките трендови. Сите со љубопитност исчекуваме да слушнеме како ќе помине нивната нова музика, со задоволство и натаму слушајки ги нивните стари хитови.


[There are no radio stations in the database]