„Макфест 2018“

Written by on септември 24, 2018

Штип е подготвен да одржи уште едно издание на популарната манифестација „Макфест 2018“ , која треба да започне на 4 октомври.
Песните и авторите се веќе познати. Вкупно 32 композиции, познати имиња од македонската забавна сцена, но и нови лица кои бараат место на естрадата. Следи фаза на изработка на цеде со сите песни, така што до почетокот на фестивалот ќе бидат реализирани сите планирани задачи“, изјави  Владимир Дојчиновски, уметнички директор на „Макфест 2018“.
Ѓоко Танески, Наташа Малинкова, Мартинијан Кириловски, Џокси, „Тајфата“ и Димитар Адоновски, Дани Димитровска, Антонија Гиговска се само дел од позвучните и поискусни имиња на „Макфест 2018“.
Драган Ристов, шеф на прес-центарот, најави дека на 25 септември (вторник), во хотелот „Александар Палас“ (тениско) со почеток во 12.00 часот ќе се оддржи првата прес-конференција.
Традиционално, на првата прес-конференција ќе биде извлечен и редоследот за изведувачите на првата фестивалска вечер. Преносот на фестивалот е на првиот канал на МТВ со почеток во 20.30 часот.


Current track

Title

Artist