Макфестовскиот хит „Да си мерак песна“ од Бисера Велетанлиќ во ново руво со Бојана и групата „Мерак“

Written by on јуни 13, 2021

Легендарната песна “Да си мерак песна“ која на Макфест 1988 година ја испеа Бисера Велетанлиќ, денес, после 33 години повторно ја оживеа пејачката Бојана Скендеровски заедно со составот „Мерак“. 

„Темата беше авангардна и за тоа време, така што решивме многу да не ја менуваме, не сакавме да додаваме или одземаме нешто на некое дело кое е маестрално само по себе. Ја освеживме со мали промени и тоа е сè“, изјави Бојана.

Идејата за оваа преработка е на Марио, кој е фронтмен во групата „Мерак“, а тој го потпишува и новиот аранжман.

Првични автори, пак, се хрватскиот композитор Ивица Стамаќ, а текстот е на Зафир Хаџиманов кој Марио го контактирал пред неколку месеци за да побара дозвола за преработка, на што Зафир одговорил со воодушевување, но за жал не успеа да ја слушне.

фото: фб Бојана Скендеровски


Current track

Title

Artist