Македонија тажна-Почина маестро Зоран Џорлев 😢

Written by on јануари 1, 2021

Денес, 1 јануари 2021 година, на 53-годишна возраст, почина македонскиот виртуоз на виолина, вокален изведувач и професор, Зоран Џорлев.

Според блиски до семејството Џорлеви, веќе некое време се лекувал од корона, но, за жал, неговиот организам не успеал да се избори со болеста.

 

Зоран Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството. Во прво одделение со семејството се преселил во Скопје.

Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, а во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми.

Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.

Инаку, 2014-та година, на манифестација „Златна Бубамара на популарноста“, Зоран Џорлев ја доби наградата за албум на годината за албумот „Гласот на виолината“.

😢 Во сеќавање на Зоран Џорлев…Потсетување на еден од најтажните моменти на Златна Буба мара и воопшто на било кој културно музички настани во Македонија!

Маестро Зоран Џорлев со тага и трепет ја гушка виолината и ни ја кине душата…за Тоше😢

 

 

 

 


Current track

Title

Artist