Лозано со нов летен хит!

Written by on јуни 28, 2022

Влатко Лозаноски – Лозано, за својот роденден, наместо парче торта, неговата верна публика ја почести со нова песна.

Станува збор за летна песна со „заразен“ текст и мелодија, a нејзиниот наслов е краток и јасен: „Ме нервираш“.Aвтори на истата се Лазар Цветкоски, односно музика и аранжман, додека пак текстот е дело на Магдалена Ена Цветкоска – тимот со кој Лозано соработува од почетокот на својата кариера.

Инаку, Лозано за кратко време промовираше две песни. Пред два месеци тој ја објави песната „После полноќ“, па еве,вели, дојде редот и на „Ме нервираш“, а со неговиот тим веќе работат на подготовки за снимање на видеоспот за уште една нова песна.

Инаку летово, Влатко и неговиот бенд, ќе го поминат работно, со настапи низ повеќе градови во нашата земја.


Current track

Title

Artist