Легендарниот Мишо Ковач сними нови видеа за четири хитови – погледнете го спотот за „Чувајте ми писму“

Written by on октомври 19, 2021

Мишо Ковач и на 81 година не запира, вели дека е подготвен за неговата сакана публика и уште еднаш да зачекори на голема сцена како онаа во Арена Загреб како до пред неколку години и да ги испее своите најголеми хитови.

И на големо воодушевување на неговите верни обожаватели, тој објави спот за песната „Чувајте ми писму“ од албумот „Буди човјек добре воље“ од 1999 година, и ова е всушност првото од четирите нови видеа што Мишо Ковач ги сними на крајот на септември оваа година во Подстрана.

Освен оваа песна, Мишо сними и видеа за „Остала си увијек иста“, „Ако ме оставиш“ и „Најлепше су очи моје мајке“, кои наскоро треба да ја видат и светлината на денот.

Инаку, овие хитови со новите спотови ќе бидатт дел од ЦД-то „Антологија“, во издание на Croatia Records.


[There are no radio stations in the database]