Лара, Ирина и Јован ќе нѐ претставуваат на Детска Евровизија
Written by Р.Б. on ноември 8, 2022
Објавена е песната со која Лара, Ирина и Јован ќе ги бранат боите на Македонија на Јуниорската Евровизија….
Кон крајот на јуни, Јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија во Фејбук соопштение извести дека се избрани Лара Трпческа и Ирина Давидовска за претставници на Република Македонија на Јуниорски Евросонг 2022 година по предлог на Комисијата, а по претходно одржана aудиција.
Од јуни, избраните евровизиски претставници ја подготвуваа песната со која ќе ги бранат боите на Македонија на сцената во Ерменија, а за истата снимија и видео запис.
По овој повод, се огласи и познатиот пијанист Симон Трпчески, кој им посака многу среќа на неговата ќерка и целиот тим.
„Песната „Животот е пред мене“, ќе нè претставува на 20-тото издание на Јуниорскиот Евросонг 2022!
Напред Лара, Јован и Ирина!
Горд сум што сум дел од македонскиот тим – Лара (мојата ќерка), Јован и Ирина, кои ќе ја претставуваат Македонија на годинашниот детски Евросонг во Ереван, Ерменија!“ – напиша познатиот пијанист покрај видеото на кое ја свири и пее евровизиската песна.