Култните „Мизар“ ја претставија „Гласници на падот“!

Written by on октомври 8, 2021

Култниот македонски бенд „Мизар“ издаде нов сингл под наслов ‘Messengers Of The Downfall’ .

Бендот е со сигурност еден од пионерите на dark звукот на овие простори, дури и по 40 години, создава и изведува подеднакво моќно, предводен од длабокиот вокал на Зоран Тортевски, со кој интерпретира специфичен израз базиран на словенско црковно пеење. Иако „Мизар“ во основа е рок бенд, нивната музика е секогаш проткаена со звуците на македонското етно и византиската традиција.

Најновото шесто издание беше најавено во 2020 година со песната „Галеб“. Тоа беше и почеток на соработката помеѓу Мизар и Тихомир Јанчовски, македонски поет, професор и преведувач. Јанчовски ги потпишува текстовите на новите материјали објавени од Мизар во текот на 2021 година – ‘A Day Is Coming / Доаѓа ден“, „ Scar’ / Лузна“ и сега ‘Messengers Of The Downfall’/„Гласници на падот“.

„Messengers of Downfall“ („Гласници на падот“) е песна за енергијата на човечката душа, а нејзиниот автор вели: „Човекот не разликува добра мисла од лоша, без да знае како енергијата е иста за сите луѓе. “Гласници на падот“ се демони, лоши мисли или пораки (дезинформации), додека музиката е порака за добра енергија.“

Музиката е напишана од Горазд Чаповски, гитарист и единствениот постојан член на „Мизар“ од основањето на групата (1981). Сегашниот состав го сочинуваат: Зоран Тортевски (вокал), Пеце Китановски (бас) и Златко Симионски (тапани). Вокали во придружба се Петар Георгиевски, Бранко Илиевски и Иван Петковски, аранжманот го потпишуваат „Мизар“, а продукцијата Златко Симионски и Горазд Чаповски.


[There are no radio stations in the database]