„Круг“- прекрасна музичка бајка на Никола Мицевски!
Written by Р.Б. on април 22, 2021
Македонски композитор Никола Мицевски, или „Човекот музика“ како што го нарекуваат колегите, го промовираше својот прв сингл „Круг“.
Токму со овој инструментал тој го најавува својот прв албум „New Era“.
-“World Fusion” музиката од секогаш била моја инспирација. Горд сум на ова дело затоа што во него е собрано целото мое музичко и животно искуство. Животот е “Круг”… исполнет со разни нешта. Секој нареден почеток е ист како претходниот, но секој пат искуството (каменот) е поголемо и тоа не води кон врвот на тоа што сакаме да го имаме и постигнеме, објави Мицевски на социјалните мрежи.
Мицевски сними и прекрасна видео приказна за оваа песна, а за видеото беше задолжен Даниел Јовески. Во спотот се појавуваат Андреј Димовски, Михаил Талев, Јулијана Митревска и Мендо Вељановски.
За потсетување, Мицевски на публиката ѝе познат како композитор на бројни хитови, а тој е и автор на последните два албума на Каролина Гочева, „Македонско девојче 2“ и „Извор“, исто така, Никола последниот период, интензивно работеше и на албумите на Ѓоко Танески, Next time и други.