„Крв да ни се стори“- нова песна на Бранислав Николов, Каролина Гочева и Дуке Бојаџиев!

Written by on ноември 4, 2021

Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Бранко Николовски од Фолтин, денеска на Јутјуб го објавија нивниот сингл насловен „Крв да ни се стори“.

Музиката и текстот се на Бранислав Николов, додека аранжманот и продукцијата се на Дуке Бојаџиев, а во приказната учествуваат и музичарите Трајко Симоновски-Таци, Мартина Баракоска, Мартин Џорлев, Владимир Крстев и продуцентот Ивица Јанкуловски.

– „Крв да ни се стори“ е танц на две опиени птички од првото срамежливо раскрилување на топлото есенско сонце, до последниот пердушест пад во безумното вечерно винце – напиша Бранислав Николов на Фејсбук.

– Нова соработка со стари пријатели. Секогаш големо уживање, вели Дуке Бојаџиев.


[There are no radio stations in the database]