Корона-кризата и вицовите

Written by on март 30, 2020

 

 

Ако вицовите се показател за состојбата на колективниот дух, тогаш духот среде корона-кризава – добро ни се држи. 20 дена по официјалното суспендирање на сите јавни собири и по сеопштата препораката „седи си дома“, јавниот простор стежна од нови вицови, мемиња, шеги и останати зафрканции, инспирирани од оваа состојба на „застанато време“.

Во моментов, 20 дена по воведувањето на забраната за јавни собири, која подоцна беше надополнета и со други рестрикции на движењето – најомразениот предмет во домовите е вагата за мерење тежина, а најбаран производ на огласниците е – орбитрек во добра состојба!

Завршува изолација, земаш хумахоп да се размрдаш, кога оп-точен ти е!

Застанав денес на вага, значи понеточна вага не сум видел.

Летово, се чини, ќе бидеме поштедени од планови за патување и годишен одмор. Според најдоброто сценарио за смирување на натамошното ширење на вирусот, летово нацијата ќе чека да биде доизлечена. Со оглед на очигледните последици од домашниот карантин, хипотетичката разгледница од некој морски брег што летово би ја испратиле, би изгледала вака:

 

Заглавени дома, со забрана за ненеопходни излегувања и социјално дистанцирани, со зголемен број килограми и намалена толеранција, смисливме едно чуд вицови за машко-женските односи.

 

Posted by Dimcho Velikov Pavaroti on Четврток, 26 март 2020

Што да се очекува по крајот на карантинот – во моментов е крајно неизвесно. Подеднакви се шансите за новоразведени бракови и за новородени деца, кои за 10-ина години, здравје, ќе бидат објаснувани со заедничкото име – карантинци.

Генерално, секс во време на корона и не е баш најпрепорачлива активност, можеби само дома, но дури и таму со одредени рестрикции. Така настана вицот:

После секс сакам да си запалам цигарче. Така сега се откажав од пушење.

Излегување нема, па социјалните мрежи зовреа од коментари на тема – дејтање и љубовни состаноци:

-Дечко, у кој маркет пазариш?

Кафеаните се затворени, па како осамен крик во пустина протатни вицот:

Ниту една не остана отворена. Препораките се категорични: седи си дома!

Само Чак Норис, непобедивиот, остана доследен во непочитувањето авторитети.

Збирката ќе биде проширувана и дополнувана. Антивирусен поздрав од Битлси!

 


Current track

Title

Artist