Концерт пред куќата на Балашевиќ и премиера на неговата необјавена песна!
Written by Р.Б. on мај 1, 2022
Во улицата Јован Цвијиќ во Нови Сад, пред семејната куќа на Ѓорѓе Балашевиќ, неговото семејство, завчера вечерта, организираше презентација на антологијата на љубовната поезија „Додир свиле“ за соседите, пријателите и почитувачите на неговото творештво.

Новата книга содржи и необјавени песни, како и преписка меѓу Ѓоле и неговата сопруга Оливера.
Децата на Балашевиќ, Алекс, Јован и Јелена и неговата сопруга Оља на присутните им раскажаа за убавите спомени и заедничките случувања.

Вечерта беа емитувани и делови од концертите на Балашевиќ и неговите говори, во меѓувреме неговите песни ги пееја тамбураши, а за прв пат беше изведена и песната „Роѓенданска“.