Концертот во чест на Тоше на 2. ноември во ВИП Арена „Борис Трајковски“
Written by Р.Б. on октомври 25, 2018
Каролина Гочева и сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ се македонските изведувачи кои ќе настапат на концертот посветен на Тоше Проески закажан на 2 ноември во ВИП Арената „Борис Трајковски“.
Учеството на шоуто кое ќе започне во 20 часот го потврдиле и Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Сергеј Четковиќ, Борис Новковиќ, Владо Калембер, Ања Рупел и „Фрајле“. Од Меѓународната фондација „Тодор Проески“ информираат дека се уште се преговара со уште неколку звучни имиња од регионот.
На концертот ќе биде промовиран и албум со нови, до сега необјавени песни од Тоше Проески. Албумот е со наслов “Secret place” и на него се наоѓаат седум нови песни на англиски јазик како и три преработки на познати хитови.
– Материјалот се работеше во студиото на познатиот англиски продуцент Енди Рајт, автор на хитовите од претходниот англиски албум на Тоше „The Hardest Thing“ – додаваат од Фондацијата.