Каролина и Владо со концерти во Охрид во август

Written by on јули 5, 2018

Владо Јаневски после пауза од скоро 10 години ќе одржи голем концерт во Античкиот театар во Охрид на 2 август. Со почеток од 22 часот, публиката ќе може да ужива во сите хитови на Јаневски, кој оваа година слави јубилеј-25 години од неговата соло кариера.


А пак на 11 август на истата локација, Антички театар во Охрид, концерт на отворено ќе одржи и Каролина Гочева. На концертот ќе прозвучат сите песни од албумот “Извор”, како и најубавите песни од историскиот проект “Македонско девојче”.
Инаку, ова е втор концерт за Каролина во Охрид за оваа година, претходниот го одржа во март во рамки на промоцијата на последниот албум кој излезе во февруари, а чиј комплетен автор е Николче Мицевски.


Current track

Title

Artist