КАЛВИН ХАРИС СНИМИ ПЕСНА СО ОСКАРОВЕЦОТ СЕМ СМИТ
Written by Р.Б. on август 21, 2018
Најплатениот диџеј на светот Калвин Харис сними песна со британскиот поп и соул пејач Сем Смит, кој доби Оскар и Златен глобус за песната од филмот „Спектра“ во 2015 година.Новиот сингл е насловен „Promisses”
Шкотскиот диџеј и продуцент, чие вистинско име е Адам Ричард Вајлс, е докажан хитмејкер, и веќе ги освои топ-листите оваа година, благодарение на песната „One kiss“ со Дуа Липа, а најави и враќање на Ибица.Инаку, „One kiss“ беше најголемиот летен хит оваа година, откако помина осум недели на врвот на британската топ-листа.