Како звучи „Твоите очи Лено мори“ во модерен дип-хаус звук!
Written by Р.Б. on јануари 22, 2020
„Севда“ е најново остварување на македонското електронско дуо „Cyrillic“ , а инспирација за истата е од македонската народна песна „Твоите очи Лено“, но спакувана во модерен дип-хаус аранжман со етно примеси.
За новиот сингл Андреј и Бојан соработуваа со македонската поп пејачка Наташа Малинкова, која ги пее вокалите во темата која има и видеоспот во режија на познатиот уметнички фотограф и видео режисер Зоран Зонде Стојановски. Истиот се снимаше на неколку локации во Македонија, а моделот кој ја има главната улога во видеото е Марија Давчевска.
Инаку од неодамна „Cyrillic“ станаа ексклузивци на „Sky Eye Entertainment“, а ова е втор издаден сингл под оваа издавачка куќа.