Како звучи Скопје во откачената песна „У македонском ресторану“ на Мики Солус

Written by on октомври 3, 2022

Неделава како еден од хитовите на програмата на Бубамара радио, секој втор час ја слушате шармантната песна „У македонском ресторану“ на хрватскиот музичар Мики Солус од неговиот нов албум со необично име „Najbolji su pjevači bez sluha“.

Во песната „У македонском ресторану“ се спомнуваат личности од историјата и сегашниот живот на Македонија и низ веселиот рефрен поминуваат многумина – од Александар Македонски до Влатко Стефановски, од Тоше Проески до Гоце Седловски, од Есма до Калиопи, од Светите Кирил и Методиј до Кирил Џајковски. Веселата песна со заразен рефрен овозможува интересна визура на Скопје со барокните фасади и со поглед отстрана на нашиот начин на живот.

Мики Солус

Албумот „Najbolji su pjevači bez sluha“ содржи 11 песни и снимен е во еден ден, во минимален акустичен аранжман (укулеле, тапани, бас, по некоја гитара и клавир). Самокритичниот и весел називот на албумот наоѓа оправдание во феноменалните вокални делници, кои можат да се слушнат на него.

-Текстовите на песните се блесави, темите се откачени, за музиката злобниците ќе речат – сите песни ти се исти. Ама, ова не е албум за луѓе кои следат трендови, кои сакаат кога изведувачите звучат светски – а наши се. Ова не се песни за љубители на врвна продукција и западна рок-есетика, а ова е најмалку албум за оние кои сакаат беспрекорна техничка изведба, пријатни вокали и богати аранжмани. Сите останати би можеле да уживаат во овој албум – изјави Мики Солус за „ Najbolji su pjevači bez sluha“.


Current track

Title

Artist