„Какви се ова времиња?“ – Дарио
Written by Р.Б. on мај 1, 2022
Дарио пред некој ден на својот фејсбук профил објави нова песна. Станува збор за прекрасна балада со наслов „Какви се ова времиња“.

Тој е автор на музиката , на текстот е потпишана и неговата ќерка Андреа, а за аранжманот бил задолжен Кристијан Габроски.
Дарио за песната вели – ја напишал од срце, а ја отпеал со душа.

„Ги носам моите спомени гордо ко на гради ордени, тие вредат многу повеќе од сите овие лажни животи“, напиша Дарио.
Видео приказната на „Какви се ова времиња“, е дело на познатиот македонски музичар и режисер на видеоспотови, Александар Ристовски – Принц.