И вуртуелно Шербеџија е вистински концерт-мајстор
Written by Р.Б. on април 11, 2021
(фото: Андреа Ковач)
„Добродојдовте! Симнете ги маските и чувствувајте се удобно во своите станови, во бифеата или на улица“. Вака Шербеџија го отвори својот виртуелен концерт, одржан во петокот, 9 април, од големото студио на „Кроација рекордс“. На концертот, легендарниот актер, пејач, поет и музичар го претстави својот нов албум „Не окреќи се, сине“, но испеа и некои од неговите стари хитови.
Атмосферата беше неповторлива, мелем за душа. На неговиот ФБ профил – недоброени коментари и изрази на задоволство од сите кои го проследиле концертот. Поздрави на одушевената публика пристигнале од Чиле, Шведска, Австрија, Швајцарија и од целиот регион.
Специјално приготвената сценографија претставуваше интимен кафеански амбиент, а гости на концертот на Шербеџија беа Габи Новак и МАтија Дедиќ, актерите Маја Посавец и Горан Богдан, стариот пријател Перо Мочибоба и одличниот „Западни колодвор бенд“.
-Малку ми е непријатно зашто не сум навикнал да пејам без публика, но затоа на гости ги повикав своите пријатели – ним ќе им пејам во живо, а вам преку екраните – рече Шербеџија, отворајќи го концертот како ноќ на музика и поезија.
Вируелниот концерт започна со хитот „Ето пјесма“, полетен и придвижувачки рефрен кој за Шербеџија го напиша Хусеин Хасанефендиќ Хус од „Парни ваљак“. Оваа песна на овогодишната пандемиска Златна бубамара на популарноста беше прогласена за – песна на годината.
По концертната промоција на новите песни од албумот „Не окреќи се, сине“, Шербеџија отпеа и некои добро познати хитови од легендарните автори Кемал Монтено, Џони Штулиќ, Ѓорѓе Балашевиќ и Златко Арсланагиќ и рецитираше нему драга поезија.
Концертот заврши во весел дух, со песните „Барбара“ и „Лаку ноќ, музичари“.
На музичарите им недостига публиката, на публиката и недостигаат концертите, но Шербеџија со својот виртуелен концерт покажа како таа празнина – може виртуелно да се надополни.